Управата на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ги известува сите што пројавиле интерес и конкурирале дека најдоцна до 30 април се обврзани претставата со која сакаат да настапат на 51-то издание на Фестивалот да ја достават на ЦД.

Исто така, Управата на ДАФ информира и дека сеуште е отворен јавниот повик за пријавување на Работилницата за актери-аматери, која претставува дел од придружните содржини на ДАФ на Македонија и за која постои зголемен интерес.

Рокот истекува на 15 мај, а со пријавените актери-аматери ќе работат професори од Факултетот за драмски уметности од Скопје.