Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе додели признанија на кочанчани за долгогодишно активно учество во одржувањето и развојот на театарскиот живот во Македонија. Признанија ќе им бидат врачени на: Тони Ѓорѓиев, тонец во ЦК „Бели мугри“, Благој Јосифов – Бацо, актер аматер, Ѓорѓи Тодоров, поранешен директор на ЦК „Бели мугри“, Венцо Димитров, сценограф на повеќе претстави на ЦК „Бели мугри“, Марин Стојанов – Маки, актер аматер, Вита Ковачева, пензиониран актер во ЦК „Бели мугри“, Доне Донев професор по македонски јазик и актер аматер, Силвана Јаневска, актер во ЦК „Бели мугри“, Киро Герасимов, актер аматер и поранеше директор на ЦК „Бели мугри“, Димче Спасов, пензиониран актер во ЦК „Бели мугри“, Благој Пенов, актуелен извршен директор на ДАФ, Трајче Георгиев, актер во МНТ, кој е произлезен од Театарската работилница на ЦК „Бели мугри“, Драги Трајчев, актер аматер и автор на неколку радио – драми, Миодраг Ѓурковиќ – постхумно, вработен во ЦК „Бели мугри“, Ванчо Ампов – постхумно, актер аматер, Тошо Лазаров – постхумно, актер аматер, Ѓорѓи Мишов – постхумно, вработен во ЦК „Бели мугри“.

Свеченоста на која ќе се доделат признанијата ќе се одржи на 1 јуни во 15, 30 часот во Салонот фоаје на ЦК „Бели мугри“, непосредно пред Музичко книжевен настан со поезијата на РУМИ, која е дел од содржините на 56 – то издание на ДАФ на Македонија.