Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани; e-mail: ; www.dafkocani.com

ПРАВИЛА ИЗВАДОЦИ:
 Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија-Кочани имаат аматерски театри, работлиници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат на полето на драмскиот аматеризам и тоа: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;
 На ДАФ-Кочани настапуваат поединци и групи кои аматерски работат на рецитаторството – убавото кажување на поезија, најдобрите рецитатори од училишните секции, студија, литературни клубови, драмски групи и другарства, здруженија на граѓани…;
 На ДАФ-Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и самостојно го определуваат учесниците во натпреварот за завршните фестивалски денови;
 При подготвувањето на драмскиот проект може и пожелно е да се консултураат и ангажираат учени и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи, дипл. професори, граѓани…;
 Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјата и странство;
 Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не може да изнесува повеќе од 16 лица за домашни драмски ансамбли, а бројот за ансамблите од странство изнесува 10 лица. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да го направи само Фестивалската управа;
 Драмските ансамбли, секој според можностите, пожелно е да отпечатат основен рекламен материјал (плакат, проспект, програма, видео или ЦД запис и сл.) кој е во нивен интерес и за нивна афирмација;
 Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2017 се доставуваат до канцеларијата на Фестивалот најдоцна до 10. АПРИЛ 2017 година, на адреса: Драмски Аматерски Фестивал-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ број 9, 2300 Кочани, Република Македонија, или на e-mail адресата:  или пак на факсот: 00 389 033 / 272 – 964. Повеќе информации можете да добиете од извршната канцеларија на ДАФ на Македонија, на тел.факс: 033 / 272 – 964 и мобилен: 070 / 621 – 726;
 Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од фестивалската управа. ЦД записите од претставите се доставуваат најдоцна до 29. АПРИЛ 2017 година (сабота) кога и завршува изборот на претставите. Од понудената и проследна драмска продукција во тековната година, изборникот го сочинува и предлага репертоарот и програмата на ДАФ-Кочани 2017 до Управниот одбор. Фестивалот на драмскиот аматеризам на Македонија е закажан за 29. МАЈ – 03. ЈУНИ 2017 година во Кочани.
 За извршениот избор на претстави секој драмски ансамбл поединечно се известува за изборот, денот и времето на настап, најмалку две седмици пред почетокот на фестивалот;
 Правото на програмската шема/репертоарот и редоследот на настапи на ансамблите на фестивалот го задржува ДАФ-Кочани. Само од објективни причини и дејствија кои се во полза на повисок квалитет во драмскиот аматеризам можни се измени. Конечниот збор го има изборникот и фестивалската управа;
 Организаторот е должен на драмските ансамбли учесници на ДАФ на Македонија да им овозможи една проба на сцената на која го изведуваат драмскиот проект;
 Настапот на драмските аматери го оценува тричлено жири именувано од управниот одбор. Комисијата ги оценува драмските, уметничките и етичките вредности на актерите и аматерските драмски проекти во целина;
 На ДАФ-Кочани се доделуваат вкупно седум награди: најдобра женска и машка епизодна улога, најдобра женска и машка главна улога, најдобра режија, награда за истражување на нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар и ГРАН ПРИ „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава во целина и специјална награда за најдобра претстава во категоријата аматерски театар за деца и младинци.
 По одржана претстава се организираат разговори во присуство на актерите од ансамблот, селекторот, жирито, новинари, гости и заинтересирани граѓани. Разговорите ги организира и води водител на разговорите именуван од фестивалската управа;
 Престојот на учесниците на Фестивалот го обезбедува Фестивалската управа, Градоначалникот на Кочани и градот домаќин. Домашните ансамбли престојуваат еден ден, а странските два дена сметано од денот на пристигањето. Патните и дневните трошоци на ансамблите и актерите ги обезбедуваат и ги сносат учесниците на фестивалот;
 Во склоп на севкупната фестивалска програма се организираат придружни манифестации од: ликовната, музичката, книжевната, филмската уметност, театарски и книжевен портрет и театарска работилница за аматери режисери и актери, драмски текстописци и друго;
 На покана на фестивалската управа, со претходен договор со изборникот, во чест на наградените, на завршницата се поканува угледна театарска куќа од нашата држава или странство.

01. февруари 2017 год. Драмски Аматерски Фестивал
К о ч а н и на Република Македонија-Кочани Извршен директор, Благој ПЕНОВ
_____________
Драмски Аматерски Фестивална Македонија-Koчани
ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани
тел./факс: 033 / 272-964; моб.: 070 / 621-726