Нови пријави и ЦД записи пристигнаа до Управата на ДАФ Македонија, а тие се: Драмско студио при Центар за култура – Дебар се пријави со драмскиот текст на Карло Голдони „Мирандолина“ во режија на Џевит Мифтароски, доставија и ЦД запис; Летечка театарска трупа од Тетово пријави две претстави и достави ЦД записи од нив. Првата „Дом за старци“, автор на текстот и режија Владимир Јованоски; втората пријава и ЦД записот се за претставата „Од трње, до ѕвезди“, автор и режисер на претставата, повторно Владимир Јованоски; Драмско студио при НУ Центар за култура-Крива Паланка го пријави драмскиот текст на Сашко Насев „Шприцер“ во режија на Глигор Цветковски. Од странство пристигна пријава за две претстави од Сежана – Република Словенија, поточно од Културно ин шпортно друштво „Шатор“ – Шторје. Имено станува збор за претставите: „Бејжи злодеј, баба греј“ („Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа““ и „Кот речеш, Хуго“ („Како ќе кажеш, Хуго“). За двете претстави доставени се линкови за да можат да се погледнат. Тоа е најновото во пријавувањето на драмски проекти за ДАФ-2018.