Претставата „Бенг, бенг и мртов си на Театарот „Дунек“ на ЦК „АСНОМ“ од Гостивар се играше на сцената во кочанскиот ЦК „Бели мугри“ на 29 мај во попладневните часови. Изведбата на екипата од Гостивар заслужуваше поголема посетеност.
Инаку, станува збор за претстава која го отсликува светот на тинејџерите (младите) денеска.

– ’Бенг, бенг и мртов си’ е една претстава која се игра во театрите во Амаерика. Вистинска амаериканска приказна. Решивме да ја поставиме, затоа што и кај нас и речиси насекаде во светот го има насилството во средните школи. Презадоволен сум од актерите, како ја одиграа претставата денеска, се надевам дека и тие се задоволни.

Темата во оваа драма навистина е актуелна, се случува насекаде во светот, атрактивна е. Средношколците треба да дојдат, да ја погледнат претставата и да видат како не треба, кои се чувствата кои ги повредуваат…
Драмскиот аматерски фестивал е прекрасен, Кочани има одлична публика, се овде е супер, изјави за dafkocani.com, режисерот Александар Нешковски.

Актерската група од Театарот „Дунек“ е составена од средношколци. Единстевен режисерот Нешковски е малку повозрасен.
„Бенг, бенг и мртов си“ е работена според текст на Вилијам Мастросимон.