„Човекот“, пантомима на Трајче Ѓорѓиев, и „Вардарски пастуви“ синоќа во Кочани го отворија 56 – то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, на кој во официјална конкуренција ќе бидат одиграни 16 претстави од кои две од Србија и една од Бугарија.
Помеѓу двата настапа на професионалците, на влезот на ЦК „Бели мугри“ концерт на класична музика одржа Македонскиот брас квартет.
ДАФ 2019 – та свечено го отвори, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура, а на публиката и се обрати и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. Илијев побара возобновување на професионалниот театар во градот, а Алаѓозовски вети подршка.
Првиот фестивалски ден заврши со прекрасен огномет. Денеска се оди според репертоарот. Следуваат претстави кои влегуваат во официјална конкуренција..