„Подготовките траеа два-три месеци, значи за еден кус период, успеавме да изнесеме една доста содржајна драма која што на специфичен начин се игра на сцена. Што да се зборува за Чернодрински , всушност за него има многу да се зборува! Очекуваме награда, искрено се надеваме. Ова е второ наше учество на овој фестивал. Лани бевме тука со ’Џабе се крева џева за Џони’, лесна тинејџерска комедија, и освоивеме награда за главна женска улога“, рече Митко Димовски, режисер на „Чернодрински се враќа дома“ на театарската аматерска груп составена од ученици на СУГС Гимназија „Никола Карев“ од Скопје, после настапот на сцената на ЦК „Бели мугри“. „Чернодрински се враќа дома“ е најмасовната претстава одиграна во првите четири дена од овогодишниот ДАФ. За повеќе од два часа игра, на сцената се појавија над 50 актери-средношколци.