Од вчера ЦК „Бели мугри“ од Кочани има пристапна рампа наменета за инвалидизирани лица. Рампата се наоѓа од источната страна на кочанската Национална установа.По тој повод ДАФ и градоначалникот на Општина Кочани организираа ликовен и книжевен перформанс насловен „Уметноста во костец со препреките“, во кој главен актер беше Роза Мојсовска, поет и ликовен уметник, со своите творби.
Овој настан е дел од придружните содржини на ДАФ. За уметничката зборуваше, Благој Пенов,извршен директор на ДАФ.