Четвртиот фестивалски ден започнува во 18, 30 часот со ликовниот и книжевен перформанс на Роза Мојсовска, поет и ликовен уметник. Перформансот ќе се одржи во 18, 30 часот, од источната страна на ЦК „Бели мугри“, а го носи насловот „Уметноста во костец со препреките“.

Организатори на настанот се градоначалникот на Општина Кочани и ДАФ на Македонија – Кочани.

Во 20 часот следува претставата „Љубов“ на Меѓународната организација на глуви и наглуви „P(h)antomfest teatar“ од Врање, Република Србија, во режија на Трајче Ѓоргиев.

Во 22 часот ќе биде одиграна „Стаклена менажерија“ на СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица во режија на Кире Ѓоргиев.