Почитувани дами и господа, почитувани учесници и на 52-то издание на ДАФ-Кочани 2016 и присутни на одбележувањето на јубилиејот „Кочани четириесет години фестивалски град“, дозволете ми да Ве поздравам и замолам со аплауз да го поздравиме овој наш, за организаторот и македонскиот драмски аматеризам значаен јубилеј, да му посакаме уште многу, многу успеси и опстој на културната и уметничка сцена на Републка Македонија.

Почитувани ми припадна честа да ја соопштам одлуката на жирито на годинешниот ДАФ-Кочани во состав: проф. Здравко МИТКОВ, универзитетски професор од Бугарија, г-ѓица Јанка ЛЕФКОВА, драмски уметник-актер и г. Благојчо СТОЈАНОВ, драмски уметник-актер.
Во периодот од 23-ти до 28.мај оваа година, проследивме вкупно единаесет драмски проекти од нашата држава и странство во официјалната програма, избрани од селекторот г. Дарко Јан СПАСОВ, магистер по драматургија, стручно-тематските разговори по секоја театарска изведба чиј модератор беше г. Димче НИКОЛОВСКИ-ДИМСАТА и промоцијата на книгата „Патникот“ од Борче ГРОЗДАНОВ ПАНДУР.
На ова јубилејно издание фестивалското жири констатира дека е постигнат напредок во развојот на драмскиот аматеризам во Република Македонија и особено задоволува партиципацијата на извинредно голем број млади луѓе, надежни актери на македонското аматерското драмско глумиште, особено кај четирите театарски претстави од странство, од Словенија, Црна Гора и две од Србија.
Жирито напоменува дека богатата, оригиналната и разновидна по сценски израз и актерска возраст во претставите го одбележаа единаесетте претстави во официјалната конкуренција од земјава и странство. Поведени од покажаниот квалитет на претставите, жирито ја донесе следнава:

О Д Л У К А
1. Се доделува СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ на Детското драмско студио при Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид за претставата „Мачка со шапка“ од Теодор СУС ГЕЈЗЕЛ, во режија Јасмина БИЛАЛОВИЌ, за осведочениот резултат во воспитанието и образованието на најмладите артисти и негувањето и развојот на театарот од деца и за деца.
2. Се доделува награда за УМЕТНИЧКА ИНОВАЦИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ во театарскиот израз на аматерската драмска сцена на претставата „АВИОНСПОТИНГ“ од Ива БРДАР, во режија на Зоран РАКОЧЕВИЌ, а во изведба на КЛАП-Колашински аматерски театар од Колашин, Република ЦРНА ГОРА.
3. Награда за најдобра ЕПИЗОДНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Катерина ИВАНОВСКА за улогата на ИЗИДОРА во претставата „Рибарски караници“ од Карло ГОЛДОНИ, во режија на Сара ИЛИЌ, а во изведба на Драмското студио при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“-Куманово.
4. Награда за најдобра ЕПИЗОДНА МАШКА УЛОГА се доделува на Мирко НИКОЛИЌ за улогата на Шарац-коњот на Крале Марко во претставата „Водач“, работена по текст на Радое ДОМАНОВИЌ, во сценска адаптација и режија на Бојан ЈОВАНОВИЌ, во изведба на Младинската сцена при Здружение на граѓани „ЦУГ“ и Театар „Бора Станковиќ“ од Врање, Република Србија.
5. Награда за најдобра ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Марија ЃОРЃИЕВА за улогата на НАТАЛИЈА во претставата „Просидба“ од Антон Павлович ЧЕХОВ, во режија на Трајче ЃОРЃИЕВ, а во изведба Аматерскиот театар при Национална установа Центар за култура „Бели мугри“-Кочани.
6. Награда за најдобра ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Александар АРСОВ за улогата на ЛОМОВ во претставата „Просидба“ од Антон Павлович ЧЕХОВ, во изведба на Аматерскиот театар при Национална установа Центар за култура „Бели мугри“-Кочани.
7. Награда за најдобра РЕЖИЈА се доделува на Зоран РАКОЧЕВИЌ за режијата на претставата „АВИОНСПОТИНГ“ од Ива БРДАР, во изведба на КЛАП-Колашински аматерски театар Колашин од Република Црна Гора
8. Наградата ГРАН ПРИ „Васил К. ЌОРТОШЕВ“ за најдобра претстава во целина на 52-то издание на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани и се доделува на претставата „ВОДАЧ“, работена по текст на Радое ДОМАНОВИЌ, во сценска адаптација и режија на Бојан ЈОВАНОВИЌ, во изведба на Младинската сцена при Здружение на граѓани „ЦУГ“ и Театар „Бора Станковиќ“ од Врање, Република Србија.

28.мај 2016 година ЖИРИ на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани

проф. Здравко МИТКОВ, претседател
______________________,
г-ѓа Јанка ЛЕФКОВА, член
______________________,
г. Благојчо СТОЈАНОВ, член
______________________,