Претставата „Стрип струп – денарја куп“ на театарската група на Словенечкиот центар во Скопје во режија на Ангела Стојановска го отвара петиот фестивалски дена на 49 ДАФ. Оваа претстава ќе биде одиграна во 13 часот. Во 20 часот на сцената на ЦК „Бели мугри“ ќе се појават актерите-аматери од Здруженето за култура и уметност од Тетово, „Иљо Антески Смок“, кои ќе ја изведат претставата „Приказната на големиот господар“ во режија на Марко Богдановски. Последната претстава од официјалната програма на фестивалот на драмските аматери од Македонија ќе биде одиграна во 22 часот. Настапуваат средношколците од СУГС „Никола Карев“ од Скопје со „Џабе се крева џева за Џони“ во режија на Митко Димовски.
Свеченото затворање на 49 ДАФ ќе се случи утревечер во 21, 30 часот, кога ќе биде објавена одлуката на жирито, по што ќе следува доделување на наградите за најуспешните.