Членовите на Драмската секција од Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес за тоа како ја одиграа претставата „Дома“ во режија на Слободанка Чичевска (која вели дека не е режисер, туку само аранжирала работејќи со младите актери – аматери) добија бурни аплауизи од публиката и за време на разговорите. Бидејќи текстот на Људмила Разумовскаја од стручните лица што учествуваат во разговорите после претставата, беше оценет како многу тежок и прекомплициран, со многу пораки… И покарај проблемите што ги имале (отсуство на неколку од актерите што имале носечка улога, кратко време нивните замени да „влезат“ во улогите…) средношклците од велешката гимназија, добија пофалби и убави поуки за понатаму.

Претсавата „Дома“ се играше на вториот фестивалски ден, на 24 мај.

„Прво кога не сум на сцена, кога работам со деца, додека ја гледам претставата чуствувам дека имам многу трема. Јас како актер немам трема, меѓутоа како режисер-аранжер што викам, чуствувам трема дали се ќе биде во ред и како ќе помине. Без разлика што јас безрезервно им верувам на моите деца со кои сум работела, во случајов за оваа претстава, наназад два месеци.
Многу ми е мило што во Кочани повторно има ‘тркалезна маса’ или нешто што се вели разговор после претстава, каде што на овие деца и аматери некој квалификуван ќе им каже што мисли, како мисли и до каде се со својата работа. Браво за тоа, браво за публиката што дојде на претставата, која беше изгледана во еден здив“, ни рече режисерката на претставата што ја играа гимназистите од Велес, Слободанка Чичевска.

Таа смета дека на ДАФ му е потребно аматерите – актери да бидат присутни во текот на сите денови од фестивалот, за да можат да ги согледаат своите и можностите на другите.

„Поради моите други професионални обврски, морам да признаам дека направив голема пауза заради тоа што многу помалку сум работела со аматери. Повторно се вратив на ДАФ минатата година и го видов новиот интернационален концепт. Значи, во еден период фестивалот беше само аматерски и тогаш и јас учествував како петнаесетгодишен аматер. Добив и неколку награди за моите женски улоги, па и гран-при за најдобри претстави. Но, после тоа, во еден период фестивалот некако се видоизмени. Во Кочани дојдоа да играат и професионалците, кога имаше и алтернатива. И мислам дека тогаш беа ‘измешани многу лончиња’. Овој начин да биде само аматерски, иако интернационален – многу повеќе лежи. Макар дека мислам оти треба да се прошири во фестивал каде што аматеризмот во Македонија би добил што повеќе на цена, значи што повеќе претстави од републиката да дојдат, ама да можат да се следат едни со други, да можат да видат кој до каде е стигнат. Бидејќи јас тоа време го имам проживеано, кога неколку дена сме биле гости овде во Кочани, кога овде доаѓаа аматерски групи од Охрид, Гостивар, Ѓевгелија, од секаде. Престојуваа во Кочани и се следеа едни со други, гледаа кој до каде е стигнат. Тоа е многу важно во аматеризмот, затоа што, на крај, некој може да биде аматер и одлично да ја работи работата, ама без пари, од љубов..

„На крај ќе кажам дека сум горда на моите актери за нивната храброст, за начинот на кој ја носеа претставата, бидејќи во последен момент ни се јавија проблеми. Двајца што имаа главни ликови, мораа да заминат. Па, на нивно место влегоа други двајца аматери кои немаа време да го научат текстот, а не да направат нешто друго. Таква одговорност не земаат професионалци…Затоа сум горада на оваа група деца или младинци, бидејќи највозрасниот актер има 18 години“, вели Чичевска.