„Ова ни е прво учество на меѓународен фестивал, млади сме и храбри, имаме енергија, која ви ја покажавме во Кочани“ рекоа аматерите од Воломин за време на разговорите после нивната претстава „Хула Дракула“ – „Ако вампирот би бил денес жив, дренажа на жили ќе ви направи“, која ја одиграа на добар македонски јазик синоќа во ЦК „Бели мугри“ членовите на Аматерскиот театар „Пјонти Вимјар“ од Воломин, Полска. Публиката ги разбра одлично, уживаше во нивната игра и кореографијата. Деветте актери на сцената во ниеден момент не ги погрешија диалозите, иако македонскиот за нив е странски јазик.

Приказната за Дракула и Трансилванија во Романија ја имаат режирано Роберт Гжељак и Емилија Пољак.

Преводот на текстот на Михаел Кох на македонски јазик е направен од студенти на Катедрата  за македонски јазик на Шлезискиот универзитет во Полска.