Веќе востановената практика после прогласувањето на најдобрите, во нивна чест да се играат професионлни претстави или претстави на студенти на Академијата за драмски уметности од Скопје, Управата на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија на 53. издание ја промени таа практика. Воведе новина, која, како што се покажа, претставуваше полн погодок. Наместо претсва, имаше музички хепенинг насловен „Ние (запирка другарите)“. Свиреше битолска рок-група. Вистинско доживување! Штета е што имаше малку публика. Концертот се одржа внатере, во салата на ЦК „Бели мугри“ поради дождот. Наградените актери и дел од организаторите се качија на сцената и се забавуваа заедно со музичарите…