Драмски Аматерски Фестивална Македонија – К о ч а н и, e-mail: , www.dafkocani.com

П О К А Н А за учество во изборот на претстави за 52-то издание на ДАФ на Македонија – Кочани 2016

Почитувани пријатели и вљубеници во драмската уметност, градот Кочани, Градоначалникот и Собранието на ДАФ на Македонија, во јубилејната година кога одбележуваме значаен датум за кочанската културна историја – „Кочани 40 години фестивалски град“, со особено задоволство Ве покануваат да учество изборот на претстави за 52-то издание на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани 2016.
Пред четириесет години, поточно од 14-24.мај 1977 година, за прв пат му беше доверена организацијата фестивалот на драмските аматери на Македонија. Во претходниот период, од 1961 година негови домаќини и организатори се: Скопје, Штип, Битола, Струмица и Велес. Според оценките на стручната јавност и Одлуката на тогашната Републичка Културно-просветна заедница, градот Кочани се истакнал на организационен план и се покажал како вреден домаќин, а посебно се истакнува придонесот на театарската публика. Овие аргументи го означиле постојаното седиште и театарска сцена на Фестивалот на драмските аматери на Македонија.
Почитувани Ве покануваме заеднички да го одбележиме овој значаен датум за културата и уметноста на нашата држава, градот домаќин се подготвува да Ве удостои како пријатели и драмски уметници на „52-то издание на ДАФ на Македонија-Кочани“ закажано за 23.-28. мај 2016 година.

Пријавувањето на проектите можете да го извршите со пополнување на пријавата и нејзино доставување на адреса на Фестивалот: Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани (Центар за култура „Бели мугри), или на факсот, но и на e-mail адресата. Пријавата и другите документи се поставени на нашата веб страница: www.dafkocani.com од која можете да ги симнете и употребите. Пријавувањето на проектите е до 10.април 2016 година.
Вашиот завршен драмски проект неопходно е да биде снимен на ЦД и се достави на адресата на фестивалот најдоцна до 29.април 2016 година. На овој начин изборникот ќе може да изврши избор на претстави за завршницата на фестивалот. Доколку веќе имате готов драмски проект, можете снименото ЦД веднаш да го доставите на адресата на фестивалот. За дополнителни информации контактирајте ја извршната канцеларија на ДАФ на Македонија на тел./факс: 033/272-964; моб.: 070/621-726, и на e-mail
Во очекување на Вашите пријави, најучтиво благодариме за соработка и довербата кон драмскиот аматеризам на Македонија.

Со почит,
05. февруари 2016 година Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани
Претседател, Емил РУБЕН
________________________
Драмски Аматерски Фестивал на Македонија
ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани
тел./факс: 033/272-964; моб.: 070/621-726