Пред да започне 55- то издание на ДАФ, да ви кажеме како ќе заврши.

Со „Чао Пријатно“, генијално смешна хит, скопска комедија на истоимениот театар. Режирана од Синиша Евтимов (режисер на хит комедиите „Не се клади на Енглези“, „Стјуардеси“, „Вардарски Пастуви“). Со Тино и Атанас (нам најпознати како двојката од „Златна Бубамара“, низ Скопје како глумчишта). 4329 души насмеала до сега. Во 14 изведби. Ако тоа ви малку, драматург на претставата е Дарко Јан Спасов. Наш Човек, фраер од Кочански улици, избега Скопје да работи како драматург. Културна работа.

02.06 – САБОТА (20 ч.)

Билети во предпродажба по цена од 150 денари:
– билетарата во НУЦК „Бели Мугри“
– Комисион Шишко
– кафе „Гала“ во Виница.

Купете си на време.