На дневен ред на седницата на УО на ДАФ што се одржа во Хотелот „Гратче“ се најдоа актуелни моменти кои го определуваат натамошниот тек на организацијата на ДАФ 2014.

Заеднички заклучок е дека претстои мошне чуствително издание на ДАФ, предизвик за кој е потребна солидна подготовка. Не се одбележува сeкогаш 50-ет изданија растеж на една престижна манифестација од културата и уметноста и тоа од државен ранг. Затоа и темите за кои расправаше Управниот одбор се однесуваа на Буџетот на годинешниот ДАФ и активности и дејствија за организирање на програмскиот дел, на придружните манифестации, организацијата и создавање на услови за поголема гласност и објава на големиот момент на драмскиот аматеризам на Македонија. Се разговарашр за проектот „Напред кон минатото“-изложба од архивата на ДАФ; за монографијата „Вертикали“; за свеченото отворање на Фестивалот со проектот „Живи драмски слики“ и редица други актуелности кои треба да ја комплетираат севкупната понуда од културни и уметнички настани на ДАФ на Македонија-Кочани 2014. На седницата на УО на ДАФ присуствуваа Емил Рубен, претседател на Управен одбор и членовите: Васил Шумански, Коце Стојменов и Петар Арсовски, како и: Звездана Ангеловска, изборник на ДАФ 2014 и Благој Пенов, извршен директор.