„Денеска имавме Собрание на кое усвоивме одредени заклучоци. Сакам да напоменам дека ова е педесетто издание на ДАФ. Ова е еден голем јубилеј на аматерското глумиште во Македонија и мислам дека овој пат фестивалот ќе биде на еден повисок пиедестал, дека фестивалот ќе биде подостоинствен, иако и до сега овој собир на драмските аметери имаше големо значење. ДАФ е првата лулка на театарската уметност кај нас. Многу сум задоволен што досега подготвките одат во најдобар ред. За јубилејот ќе се обидеме да ги собереме сите професионални актери од Кочани, веќе се дваесетина на број, и со нив ќе се обидеме да направиме една професионална претстава. Ќе се обидеме да ги собереме овде заедно и да реализираме еден проект. Тоа би било многу убаво“, изјави Емил Рубен, претседател на Собранието и на УП на Драмскиот аматерски фестивал, откако денеска во Кочани се одржа Собрание на кое присуствуваа мнозинството од членовите.

На дневниот ред имаше шест точки. Беше извршен реизбор на членови на УО и беа усвоени извештајот за работа за претходната 2013 година и годишната сметка.

Извршниот директор на ДАФ, Благој Пенов, ја изложи програмата за работа за 2014 година, во која акцентот е ставен на педесттото јунилејно издание, кое треба да се одржи од 26 до 31 мај во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Освен стандардната шема, планирани се две претстави : „Кралот Иби“, кочанска претстава која прва го доби Гран прито (со истиот режисер и актери), и „Кенгурски скок“, потоа изложба која ќе биде насловена „Напред во минатото“, чија содржина ќе биде архивски материјал од сите години на одржувањето на фестивалот на драмските аматери, издавање на монографија, и проект што ќе биде наслове „Живи драмски слики“, кој ќе биде посветен на сеуште живи учесници на ДАФ, кои дале значаен придонес во неговата афирмација.

Програмата на ДАФ за 2014 година ќе биде реализирана во обем кој ќе зависи од средствата што ќе бидат обезбедени.