Театарскиот портрет на Васил Шумански, актерв и режисер, привлече значаен интерес како дел од придружните манифестации на 50. јубилеен ДАФ на Македонија, на четвртиот фестивалски ден синоќа во ЦК „Бели мугри“. Присутна беше публика од Кочани, пробиштип и најмногу од Штип, од каде потекнува овој култутен деец, кој најголем дел од животот го има посветен на драмскиот аматеризам иако е професионалец со завршена Академија во Загреб, и воопшто на театарот. „Шумански е осведочен автор на триесетина фигуративно-предметни композиции-претстави. Со истите освојува низа награди на тогашните аматерски фестивали, па и на професионални театари и го потврдува своето театарско кредо : нема актери аматери и актери професионалци, туку само актери кои се свесни за фалшот во него и оние кои тоа не се“, рече Трајче Кацаров, драматург, во својство на медијатор на презентацијата на театарскиот портрет на Васил Шумански.