„Фактор жена“ е претстава работена според вистински случувања. Опфаќа четири женски животни приказни кои, онака како што беа прераскажани и одиграни на ДАФ, синоќа, 28 мај, се многу блиски со реалноста. Претсавата се играше на сцена во ЦК „Бели мугри“, која беше претесна да ги собере сите заинтересирани. Софија, Ева, Јана и Ирина, што ги уграа Христина Стефановска, Симона Овезовска, Симеона Павлоска и Ана Жежовска, проговорија како жените се носат со стереотипите, предрасудите, осудувањата, воопшто со нешта кои некој друг им ги наметнал – најчесто мажите. Оваа претстава е на Аматерската театрска група „Без маска“ од Битола. Автор на текстот е Ана Жежовска, а режисер Димитар Шутевски.