П О К А Н А за учество во изборот на претстави за 51-то издание на ДАФ на Македонија – Кочани 2015

П о ч и т у в а н и, одбележавме педесет изданија на Драмскиот аматеризам во Македонија, настан кој го потврди нашиот влог во растежот на македонската култура и уметност со оригинални аматерски сценски ракописи, со определбата да поставуваме дела од сопствената аматерска продукција, од домашната драматика и од класичната и актуелната странска драматургија. Јубилејот ни даде за право да продолжиме со трагањето по нови сценски изразни форми, но и ја крена одговорноста за сериозен и квалитетен пристап во аматерското драмско творештво. Без двојба, зачекоривме во иднината, стремиме кон нови предизвици кои времето пред нас ќе ги постави, со цел да оставиме аматерски драмски дела во богатата духовната ризница на Македонија.
Почитувани, Фестивалската управа на ДАФ на Македонија упатува до Вас П о к а н а за учество во изборот/селектирањето на аматерски драмски проекти за 51-то издание на ДАФ на Македонија-Кочани закажано за 25.-30. мај 2015 година.
Пријавувањето на проектите можете да го извршите со пополнување на пријавата и нејзино доставување на адреса на Фестивалот: Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани, или на факсот, но и на e-mail адресата. Пријавата и другите документи за 51-то издание се поставени на нашата интернет страница: www.dafkocani.com од која можете да ги симнете и употребите. Пријавувањето на проектите е до 10.април 2015 година.
Вашиот завршен драмски проект неопходно е да биде снимен на ЦД и се достави на адресата на фестивалот најдоцна до 30.април 2015 година. На овој начин изборникот, односно селекторот ќе може да изврши избор на претстави за завршницата на фестивалот кој традиционално се одржува во последната седмица од месец мај во тековната година.
Доколку веќе имате годтов драмски проект, можете снименото ЦД веднаш да го доставите на адресата на фестивалот.
За дополнителни информации контактирајте ја извршната канцеларија на ДАФ на Македонија на тел./факс: 033/272-964; моб.: 070/621-726, и на e-mail

Во очекување на Вашите пријави, посакуваме плодна и успешна работа на „штиците што живот значат“ и упатуваме благодарност за искажаната соработка и довербата кон драмскиот аматеризам на Македонија.

С р д е ч н и п о з д р а в и,
04. февруари 2015 година Драмски Аматерски Фестивал
К о ч а н и на Македонија-Кочани
Претседател, Емил РУБЕН
________________________
Драмски Аматерски Фестивал на Македонија
ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани
тел./факс: 033/272-964; моб.: 070/621-726