DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Професор Здравко Митков: Се е љубов на фестивалот во Кочани

DAF logo 3

Интензивната програма на 52. фестивал на аматерски театар е

интересна авантура меѓу убавата и спокојна природа на Кочани. За мене е големо изненадување да откријам толку силен вкус кон театарската уметност кај луѓе, за кои сцената е привлечна фантазија надвор од суштинските животни грижи.
Селекцијата (уметничко дело на Дарко Спасов) пред нас донесува богат театарски свет од сите компоненти на сценската уметност. Има претстави, во кои аматерите ни покажуваат колку се возбудени што се на сцена и тој занес им е доволен. Сретнавме и една друга категорија - режисери и актери, во чија природа можат да се доловат елементи на разбудена професионална вештина. Најизненадувачкото за мене, се покажа присуството на аматери, кои смело и со завидно самочувство се впуштаат во тешките, дури и за професионалци, води на театарското иноваторство и експеримент. И во некои случаи успеваат да постигнат повеќе или помалку значајни резултати. За време на претставите често ќе се сетев, дека, сите ние, денешните професионални театарџии, сме се заразиле од вирусот на театарската зараза токму во слични аматерски/љубителски игри на некоја скромна, правлива и полумрачна сцена. И токму таа мисла ме исполнува со почит кон цврстите усилби на ДАФ – Кочани, што толку многу години создава театарски празници.
Како благодарност што сум член на жирито, ми се чини дека е прифатливо да упатам и неколку препораки. Сосема природно е водачите на аматерските групи да се професионални театарџии. Но, тие никогаш не треба да заборават, дека нивната должност е на воспитаниците да им пренесат творечки квалитети и стабилен естетски вкус. Колеги, не користете ја раководната улога за задоволување на своите претенциозни артистички намери. Вашиот труд треба да се осредоточи на учење и воспитување основни театарски умешности. Создавајте мислечки и интелигентни личности. Формалистичките експерименти и концептуални истражувања оставете им ги на зрелите професионалци.
Среќен сум што видов три чудесни претстави што ме исполнија со длабока радост. Вистинска радост ми причинија и децата од Детско драмско студио - Охрид. Ги поздравувам раководителките за нивното правилно трасирање на патот кон артистичката природа на толку мали деца. А на сите, со чии огромни усилби и љубов се остварува овој фестивал – ви благодарам! И не откажувајте се, за никаква цена!
проф. Здравко Митков

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version