DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Објавено 53-то издание на ДАФ на Македонија - Покана за учество

П О К А Н А за учество во изборот на претстави за Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – К о ч а н и

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.dafkocani.com


Почитувани пријатели и вљубеници во драмската уметност, Собранието на ДАФ на Македонија со задоволство Ве покануваат да учествувате на изборот на претстави за 53-то издание на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани 2017.
Почитувани, многу труд и работа и дадовме на културата и уметноста, се откажувавме од удобностите што ни ги нуди моментот, времето во кое живееме, и ги посветивме на штиците што живот значат. Дотуркавме до шеесет и девет години постоење и педесет и три изданија и ги даривме на македонската драмска уметност. Аматерската драмска сцена ја збогативме, ја исполнивме со недвојбени уметнички вредности на успешни аматерски драмски творби, сцена на која се преставени и изведени вредни премиерни претстави.
Во изминативе децении понудивме оригинални изведби и драматургии од аматери автори денес познати поети, писатели, сценаристи, на нашата аматерска сцена израснаа великани, докажани вредни уметници, артисти, режисери на македонската професионална театарска сцена. Постигнувања за почит и мотив на идните вљубеници во драмската уметност на аматерска основа.
Годинава завршниот чин на 53-то издание на ДАФ на Македонија-Кочани е закажан за 29.-03. јуни 2017 година.
Пријавувањето на проектите можете да го извршите со пополнување на пријавата и нејзино доставување на адреса на Фестивалот: Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ број 9, 2300 Кочани, или на факсот, но и на e-mail адресата. Поканата, Правилата и Пријавата се поставени на нашата веб страница: www.dafkocani.com од која можете да ги симнете и употребите. Пријавувањето на проектите е до 10.април 2017 година.
Вашиот завршен драмски проект неопходно е да биде снимен на ЦД и се достави на адресата на фестивалот најдоцна до 29.април 2017 година. На овој начин изборникот ќе може да изврши избор на претстави за завршницата на фестивалот. Доколку веќе имате готов драмски проект, можете снименото ЦД веднаш да го доставите на адресата на фестивалот. За дополнителни информации контактирајте ја извршната канцеларија на ДАФ на Македонија на тел./факс: 033 / 272 - 964; моб.: 070 /621 - 726, и на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Во очекување на Вашите пријави, благодариме за довербата и вниманието кон драмскиот аматеризам на Македонија.
С о п о ч и т,
01. февруари 2017 година Драмски Аматерски Фестивал
К о ч а н и на Македонија-Кочани
Претседател, Звезда АНГЕЛОВСКА
_______________
Драмски Аматерски Фестивал на Македонија
ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани
тел./факс: 033/272-964; моб.: 070/621-726

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version