DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

53. ДАФ на Македонија - 13 претстави во официјална конкуренција

001

Драмски Аматерски Фестивал
на Македонија-Кочани
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.dafkocani.com

Фестивалската управа на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани

го објавува изборот на претстави за 53-то издание на ДАФ на Македонија – Кочани што ќе се одржи од 29.мај до 03.јуни 2017 година:
1. НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ - Кичево
Бошко Смаќовски „Големи и мали“, режија: Михајло Петревски
2. Театарска група „Заедно можеме подобро“ - Прилеп и Долнени
Јордан Радичков „Ние врапчињата“, режија: Јулијана Талеска
3. ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ с. Иванковци - Велес
Луис Карол „Алиса во земјата на чудата“, режија: Наташа БРЕЗОВСКА-БОГОЕВСКА
4. НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, Театарска работилница
Сузана Ѓорѓиевска „Сонувачот, купувачот и уште нешто...“ режија: Игор Трпчески
5. НАТГ „Аматер“ – Охрид
Дејан Дуковски „Буре барут“, режија: Јован Цветкоски
6. Интимен театар – Младинска сцена од Битола
Ана Жежовска „Дисфункција“, режија: Димитар Шутевски
7. Аматерски театар „Куманово“ – Куманово
Русомир Богдановски „Ништо без Трифолио“, режија: Стоје Додевски
8. СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, „Дрим тим ЈБТ“
Вилијам Шекспир „Ричард III“, режија: Ана Варелова и Емилија Величкова
9. КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Република Србија
Френсис Вебер „Вечера на будалите“, режија: Александер Бако
10. СОУ „Никола Карев“ – Струмица, Драмско студио
Томислав Османли „Бомбите во салонот ‘Бумс’“, режија: Кире Ѓорѓиев
11. Младински образовен форум – Скопје, Театар „Kunstwerkstatt“
Даниел Хармс „Илустрација за тоа како идејата го запрепастува
човекот кој не е спремен за неа“, режија: Наталија Теодосиева и Јаков Спасов
12. НУ Центар за култура – Крива Паланка
Владимир Ѓурѓевиќ „Не се клади на англичани“, режија: Глигор Цветковски
13. Велики театар Јагодине – Јагодина, Република Србија
Славомир Мрожек „На морската шир“, режија: Бојан Милорадовиќ.
Од вкупно триесет и четири пријавени драмски проекти за избор на претстави за ДАФ на Македонија – Кочани 2017, изборникот Дарко ЈАН СПАСОВ, м-р по драматургија, го соопшти својот избор пред Управниот одбор на Фестивалот и истиот едногласно е усвоен.

10. мај 2017 година                                                                                      Драмски Аматерски Фестивал
К о ч а н и                                                                                                          на Македонија – Кочани
                                                                                                                  Извршен директор, Благој ПЕНОВ

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version