DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Во МНТ – Најавен почетокт на 53. ДАФ на Македонија, Лужина ја промовираше „Вертикали“

DSC019741

Тринаесет претстави ќе бидат одиграни во официјалната конкуренција на 53-от Драмски

аматерски фестивал на Македонија, кој ќе започне на 29 мај и ќе траедо 3 јуни. Сите претстави ќе се играат на сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Предвидени се разговори после секоја претстава со актерите и режисерот, што ќе ги води драмскиот уметник Јасмина Билаловиќ. Ова денеска беше кажано на прес конференција што се одржа во фоајето на Македонскиот народен театар во Скопје.

DSC019731

DSC019751

Од 13-те влезени во официјална конкуренција за 53. издание на најстарата драмска аматерска манифестација кај нас, четири претстави се за деца, а гостински се две, двете од Србија.
Селекторот на фестивалот Дарко Спасов на прес-конференција рече дека изборот е направен од 37 пријавени претстави на аматерски театарски групи и драмски секции на училишта од повеќе градови на Македонија и дека годинава доминантен е жанрот комедија.
„Од пријавените претстави над 90 проценти беа комедии, со мали исклучоци, како на пример „Ричард Трети“ на гимназијата „Јосип Броз Тито“. Веројатно комедијата привлекува повеќе публика и сигурен сум дека таа ќе го наполни салонот кога знае дека е комедија“, рече селекторот Спасов за новото издание на ДАФ, за кое извршниот директор, Благој Пенов, додаде дека градот Кочани е подготвен да ги пречека акатерите-аматери и публиката.

DSC019771

Фестивалот в понеделник во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе го отвори Велики театар од Јагодина, Србија, со претставата „На морската шир“ од Славомир Мрожек. Гостинска претстава е и „Вечера на будалите“ на Френсис Вебер на КУД „Бранко Радичевиќ“ од Стара Пазова. На 2 јуни ДАФ ќе го затвори „Дисфункција“ на Младинската сцена при Интимен театар-Битола.
За наградите ќе одлучува тричлено жири во состав: Димче Николовски, режисер, Андреја Голуб, драмски уметник, и Венцо Димитровски, сценограф. Покрај претстави, во рамки на фестивалот ќе има и три промоции на книги – „Македонскиот рис“ од Славе Ѓорго Димоски, претставување на првиот превод на Шекспировиот „Венецијански трговец“ од Тодор Лазаров и „Историска хронологија“ по повод јубилејот на актерот Мите Грозданов, а во чест на наградените ќе биде организиран и ликовен перформанс на Сергеј Андреевски.

DSC019901
На прес-конференцијата беше промовирана и монографија за Драмскиот аматерски фестивал во Кочани од театарскиот критичар Иван Ивановски насловена „Вертикали“, која е објавена за полувековниот јубилеј на фестивалот.
За 64-годишното посветено занимавање со театарска критика за професионални и за аматерски претстави на сега 87-годишниот Ивановски зборуваше проф. д-р Јелена Лужина, која ја промовираше книгата. Таа ги содржи текстовите кои Ивановски ги пишувал пет децении за овој фестивал, а се работи за 740 претстави кои биле дел од фестивалската сцена и за над 1400 пријавени претстави.
„Треба да се има трпение тоа да се забележи како факт, да се сочува за историјата за да се докаже дека ништо не е случајно“, подвлеше Лужина.
На промоцијата, извадоци од текстови на Ивановски во „Вертикали“ читаше актерката и директорка на кочанската Национална установа „Бели мугри“, Кристина Атанасова Арсова.

DSC019831
На организаторите на ДАФ на Македонија, професорката Лужина им го честиташе успешното опстојување, во, како што нагласи, „мала средина, во објективна сиромаштија, во реална и опиплива негрижност на речиси било што е надвор од метрополата“.
„А особено негрижност за нешто што затоа што се вика аматерско тогаш не е елитно и има статус на споредно. Трогателна е и возбудлива вашата грижа за сето тоа што навистина се случува и што е исклучително витално, инаку не би ги преживеале сите овие Сцили и Харибди, нешто што луѓето го прават од љубов, љубопитство, потреба, желба, чувствувајќи дека мора да го направат, што не се чувствува кога излегуваат сите професионални актери секоја вечер на сите професионални сцени“, истакна Лужина на промоцијата на книгата „Вертикали“ денеска во фоајето на МНТ во Скопје.

DSC019841

DSC019781

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version