DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Промовирана книгата „Извештаи на рисот“

DSC020641

Книгата „Извештаи на рисот“ од поетот Славе Ѓорѓо Димоски и сликарот

Сергеј Андреевски синоќа беше промовирана на отворањето на 53-тото издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) на Македонија.
Присутни беа двајцата автори, а промотор беше проф. д-р Ивица Џепаровски. Овој настан се одржа во изложбениот салон на катот во Ценатрот за култура „Бели мугри“, откако најпрвин беше одиграна претставата „На морската шир“, на аматерите од Јагодина, Србија.

DSC020651
Книгата е оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски. На 44 странци содржи дваесетина песни и исто толку цртежи, распоредени во неколку циклуси.
Славе Ѓорѓо Димоски е роден е 1959 година во Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Автор е на единаесет книги поезија, четири книги поезија за деца и три книги со есеи. Негови песни, поетски циклуси и посебни книги преведени се на триесетина јазици. За својата поезија добитник е на најзначајните државни и неколку интернационални награди. Живее во Велестово.

DSC020671
Делата на Сергеј Андреевски, кој е роден во Скопје во 1960 година, се дел од поставки на приватни колекционери и национални установи во земјава, а уште повеќе во странство (Германија, Франција, Словачка, Велика Британија, Турција, САД, Тунис, Египет, Јапонија, Кина, Индија, Јужна Африка, Австралија и др.). Тој е основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт-Гумно“ со седиште во село Слоештица, во чии рамки успешно се реализира Уметничка резиденција со гости од сите континенти.

DSC020621

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version