DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Според Пројковски ДАФ е наша вечер на оскарите, Фестивалот започна

DSC020191

Започна Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Отворањето се случи

синоќа во фоајето на ЦК „Бели мугри“. Дејан Пројковски, еден од најнаградуваните македонски режисери беше помеѓу гостите, присутна беше група од неколку драмски уметници од Бугарија, ДАФ го поздрави претседателот на Балканскиот фестивал на кратки драмски форми од Софија, Томи Јанков, зборуваше градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, а во публиката имаше многу пријатели на Фестивалот, луѓе од јавниот живот во градот, вљубеници во театарската уметност...

DSC019971
Во текот на свеченоста, Пројковски, ДАФ го нарече „македонски оскар“ и ги поздрави присутните. „Фестивалот во Кочани е расадник на млади таленти, на драмски уметници, режисери, сценографи, костимографи, кои своите први почетоци и љубовта кон професијата ја стекнале токму овде“.

DSC020111
Дејан Пројковски своето режисерско патешествие го има започнато од Кочани, во раната младост има добиено гран при за режија. Извршниот директор на Фестивалот, Благој Пенов му додели посебно признание.

DSC020071
„Кочани во наредните шест дена ќе биде културна престолнина на Балканот, во која со свои актерски остварувања и театарски претстави ќе гостуваат драмски аматери од Македонија и странство“, најави градоначалникот Димитровски отворајќи го 53-то издание на ДАФ.

DSC020041

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version