DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Бојан Милорадовиќ, режисер : „На Балканот вистинска реткост е фестивал да трае 53 години!“

DSC020521

„На морската шир“ е првата претстава што се одигра на овогодишното издание на Драмскиот аматерски фестивал

на Македонија. Таа привилегија ја имаше малата, но одбрана актерска екипа од Големиот театар од Јагодина, Република Србија. Ратко Петровиќ, Александар Брадиќ и Урош Лазовиќ, според оценките на познавачите на театарската игра, покажале талент и силна енергија неопходни кога се работи текст на автор како што е Пољакот, Славомир Мрожек, за чии дела најчесто се вели дека му припаѓаат на театарот на апсурдот.

DSC020601
„Ние со оваа претстава сакавме нешто како гласни ѕвона да ја разбудиме пасивноста кај младите, и не само кај нив, воопшто кај сите луѓе, да се разбуди она што е одамна заспано и конечно, како што е и пораката од крајот на претставата, сите да бидеме луѓе и да се почитуваме меѓу себе, да ги занемариме сите наши вождови кои не насочуваат кон лоши патишта, кои не водат кон отуѓување едни од други, кон нешта кон кои, инаку, луѓето не се склони“, ни рече Бојан Милорадовиќ, режисер на претставата на аматерите од Јагодина, кој истовремено беше и на сцената играјќи помала улога.

DSC020581
„Искрено голема честа е да играте на еден фестивал кој го полни 53 - от роденден. Воопшто, на Балканот, вистинска реткост е фестивалите да живеат толку долго. Навистина е голема чест да се биде овде. Среќни сме што салата беше полна, одзивот кај публиката беше добар и таа на крајот не награди со аплауз. Им честитам на организаторите, функционираат како ‘швајцарски саат’. Се беше прецизно и точно. Ви благодариме за гостопримството“, отворено и љубезно изјави младиот српски режисер, Бојан Милорадовиќ.

DSC020351

DSC020391

DSC020521

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version