DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Хармс во изведба на „Kunstwerkstatt“

DSC021791

Членовите на Младинскиот образовен форум од Скопје, односно на нивниот театар „Kunstwerkstatt“, синоќа

ја одиграа претставата „Илустрации за тоа како идејата го запрепастува човекот кој не е спремен за тоа“ со многу динамика, многу движења, многу енергија и без речиси никакви реквизите на сцената. И пак делуваа моќно. Таков беше впечатокот откако се се заврши, а публиката актерите аматери ги награди со силен аплауз.

DSC021701

На разговорите после настапот на сцената во ЦК „Бели мугри“, момчињата и девојките од МОФ, добија пофалби за својот настап. Текст за оваа изведба на „Kunstwerkstatt“ е на Даниел Хармс, кој е навистина тешко да се игра, велат познавачите на театарот.

DSC021941

Повеќето од актерите во оваа претстава се студенти, но ниту еден на Академија на драмски уметности. Режијата е заедничка, на Наталија Теодосиева, и на Јаков Спасов.

DSC022041
„Не знам што да кажам, генерално јас сум инспирирана од Хармс уште кога бев на Академија. Го истражував, го работев Хармс како студент добри три-четири пати. Фасцинирана сум од работата и инаетот на Даниел Хармс како и покрај сите саботирања што ги доживеал, тој сепак продолжува да креира. И тоа го прави онака какошто тој самиот знае да го прави. И затоа и ќе си плати на крајот со својот живот. Претставата што ја одигравме вечерва беше токму тоа – дека ние никогаш нема да престанеме да се бориме. Секогаш се се врти во круг, пак и пак, и повторно ќе се најде некој кој ќе не обвини за истото, можеби ќе не повреди, ќе не прати во лудница (како што тоа му се случило на Хармс), затвор. Но,секогаш вистинскиот човек ќе оживее на еден или друг начин, преку делата или пак ќе воскресне“, појасни, во случајов режисерката (инаку професионален актер), Наталија Теодосиева, зборувајќи за рускиот контроверезен автор Данил Хармс и за тоа како е направен изборот на текстот и самата претстава.

DSC021981

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version