DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Кире Ѓорѓиев со „Бомбите во салонот Бумс“

DSC022731

Кире Ѓорѓиев и годинава е присутен на Драмскиот аматерски театар на Македонија. Повторно со

средношколци. Овојпат со учениците од СОУ „Никола Карев“ од Струмица. Со нив ја подготви и режираше претставата „Бомбите во салонот Бумс“, сатирична комедија на Томислав Османли.
На сцената имаше три убави девојки во бордел и повеќе момчиња, кои збоуваа, освен на македонски, уште и на бугарски и на „искривен“ српски јазик, во зависност од тоа кој како заграбувал делови од Македонија.

DSC022761
Сите беа симпатични и убави, си играа на сцената во ЦК „Бели мугри“. И на крајот добија аплауз. Девојките (средношколки) глумеа проститутки, а момчиња беа бугарски џандари и се друго...
Водителката на разговорите, Јасмина Билаловиќ, ги охрабри средношколците од Струмица, им рече дека имаат љубов кон театарот, што е многу важно.

DSC022781

Но и дека треба да побараат совети од професионални актери, дека ликовите не треба да се обработуваат само површински, туку и дека треба да се навлезе во нивниот психолошкиот профил и така да се градат улогите.

 

DSC022981

На крајот ги замоли младите актери да продолжа да се занимаваат со театар, бидејќи младоста е на нивна страна...
За жал, на разговорите после претсавата, режисерот Кире Ѓорѓиев не беше присутен.

DSC023171

DSC023161

DSC023031

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version