DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Тешко е да се обложуваш на Англичани

DSC023291

Членовите на Драмското студио на Центарот за култура од Крива Паланка во вечерниот дел

од програмата на четвртиод ден од Драмскиот аматерски фестивал на Македонија одиграа интересна комедија која се однесува на коцкањето во обложувалници, појава која доминира веќе подолг период во различни општестава. Истовремено, зборува и за другарувањето помеѓу оние кои што уплаќаат ливчиња во обложувалници.

DSC023221
Станува збор за текст на Владимир Ѓурѓевиќ со наслов „Не обложувај се на Англичаните“, додека режисерката палка е во рацете на Глигор Цветковски. За цело време на сцената се тројца млади актери аматери, кои се обидуваат да ја доловат атмосферата кога се очекува уште еден резултат за добивка.

DSC023281
Во суштина станува збор за современа комедија која го отелотворува трагикомичниот момент на хазардерството како феномен на денешницата од една страна, но и цврстината на пријателството во еден брз и динамичен свет на парите.

DSC023351
„Презадоволен сум од играта на актерите. Имааа подеми и падови на сцената, но, на крајот, кај мене преовладува задоволството од впечатокот што го оставивме во Кочани. Сепак ова претстава ја играме само по четврти пат, што значи ни останува уште многу за работа“, вели младиот режисер Цветковски.

DSC023411
Тој изјави дека секогаш е оптимист, дека секогаш оди напред. „Така е кај аматерите, ентузијазам, желба добро да се претстават, па зошто не и да се очекува некоја од наградите“, ни рече режисерот на „Не обложувај се на Англичаните“.

DSC023621
Минатата и оваа година членовите на Драмското студио при Националната установа од Крива Паланка учествуваа на два меѓународни фестивали, на „Св. Јоаким Осоговски“ и во Тополовград во Бугарија.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version