DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Дрим тим тинејџери од ЈБ Тито го одигра „Ричард Трети“

DSC024001

„Дрим тимот ЈБТ“ на Гимназијата ЈБ Тито одигра одличен „меч“ на сцената на

ЦК „Бели мугри“ во финалето од вечерната програма на четвртиод ден од ДАФ на Македонија. Учениците од трета и четврта година во скопската гимназија на Фестивалот се претставија со „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспи. Играа со стихови, со добра дикција, имаше многу интересни сцени. Воопшто, интересно беше да се гледа како тинејџери го играат водечкиот драматург во светот.

DSC023841
„Ви честитам на прекрасната претстава. Навистина убаво е да се изгледа вакво нешто. Фино спакувано, чисто и јасно. Музичките фонови беа совршени“, им рече на младите актери аматери водителката на разговорите, актерката Јасмина Билаловиќ.

DSC023901
„И ви честитам пред се на изборот на материјата. Стих да земете да работите, навистина е голем залак. Многу добро се носевте со сето тоа. Се разбира има моменти што треба да се доработат. Во целина солидни бевте“, им порача Билаловиќ.

DSC024131
„Го избравме Шекспир да го работиме зошто многу го сакам тоа што го има напишано. Исто така, сакав да играме нешто од Шекспир што не е многу гледано. ’Ричард Трети’ е претстава која ретко кој се осмелува да ја работи, ама јас си верував во мојата екипа и таа не ме изневери“, подвлече режисерката Ана Варелова (која имаше и улога во претставата). Ментор е нивната професорка Емилија Величкова.

DSC024221
Гимназијалците од ЈБ Тито од Скопје на ДАФ во Кочани се вратија по пауза од една година.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version