DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Завршна реч на м-р Димче НИКОЛОВСКИ

dimsa

53-то издание на
Драмски Аматерски фестивал
на Македонија – Кочани
29. мај – 03. јуни 2017 год.

                                         Завршна реч на м-р Димче НИКОЛОВСКИ
Почитувани, можеби многумина мислеле дека XXI век ќе го исуши театарот. Дека интересот за театар ќе исчезне со доаѓањето на технологијата која драстично го менува начинот на живеење за сите жители на планетата Земја. Дека брзината, достапноста и методологијата на новите медиуми нема да го дозволат вистинскиот просперитет на театарот. Ако ова е вистина и реалност, тогаш најочигледно би можело да го забележиме во аматерскиот театар. ДАФ – Кочани 2017 успешно го докажа спротивното.
Оваа година, на 53-то издание на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани, аматерите ни го претставија својот интерес и својата љубов кон теататрот. Дојдени во Кочани од Битола, Скопје, Куманово, Прилеп, Иванковци, Охрид, Кичево..., аматерите покажаа многу различни светови кои, гледано со нивните очи, докажуваат дека театарот умее да изненади, знеа да биде силен, вистински и моќен кога тоа од него ќе се побара.
За крај сакам да изразам огромна благодарност до сите професионалци кои работат со драмските аматери, во сите области и да го потенцирам гостопримството на организаторите на ДАФ – Кочани, гостопримството кое заедно со пријатната атмосфера и позитивната енергија допринесоа за уште едно успешно издание на Драмскиот Аматерски Фестивал на Македонија во Кочани.
                                                                                                             

                                                                                                      М-р Димче НИКОЛОВСКИ, режисер
                                                                                                      Претседател на оценувачката комисија

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version