DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Дарко Спасов нов претседател на Собранието, 55. ДАФ започнува на 28 мај

DSC031431

Собранието на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија на 17 февруари одржа редовна

седница, со што ги започна активностите во врска со подготовката на новото 55 – то издание на најстарата драмска манифестација кај нас.
На седницата, за нов претседател на Собранието и на Управниот одбор на ДАФ на Македонија е избран Дарко Спасов, м – р по драматургија. Пучо Михаилов, графички дизајнер и ликовен уметник, и Александра Димитрова, ликовен уметник, се нови членови на УО, а во ова тело остануваат да членуваат Лазо Тодоров и Трајче Георгиев. Јасмина Билаловиќ, актер во Охридскиот театар, ќе го изврши изборот на претставите за 55 – то издание.

DSC031451
Расправајќи за 53 – от ДАФ, членовите на Собранието констатираа дека е остварен содржински богат фестивал, исполнет со квалитетна драмска понуда и придружни манифестации. Беше нагласена добрата посетеност на претставите, посебно од вечерната програма, за што говори бројката на продадени билети.

DSC031471
53 –то издание на ДАФ на Македонија – Кочани е реализирано во целост за што се потрошени 600 061, оо денари. 2017 година ова Здружение на граѓани ја има завршено со позитивен финансиски биланс.
Годишната сметка на ДАФ – Кочани за 2017-та беше едногласно усвоена.
Исто така едногласно е усвоена Програмата за работа за 2018 година. 55 – от ДАФ на Македонија годинава ќе се одржи од 28 мај до 2 јуни во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Ќе го задржи основниот програмски концепт: Аматерски театар за деца и младинци, Домашен драмски аматеризам, Алтернативен театар, експеримент во театарот, потрага по нови сценски изразни средства во драмскиот аматеризам. Повторно присутни ќе бидат и придружнитесодржини.

DSC031501
Ќе се направи обид театарските ансамбли да имаат барем едно ноќевање во Кочани. Да пристигнат ден пред својот настап, да проследат неколку претстави и да се дружат со колегите и разменуваат искуства и мислења.
Управата на фестивалот наскоро ќе распише повик за пријавување претстави за учество на овогодишниот 55-ти Драмски аматерски фестивал на Македонија – Кочани 2018.

DSC031581

DSC031511

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version