DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Се пријавија прилепчани и кочанчани

daf555555Две нови пријави за учество во изборот на претстави за 55 – от Драмски аматерски фестивал

на Македонија – 2018 официјално се доставени до управата на Фестивалот. Првата доаѓа од Прилеп, од СОУ „Мирче Ацев“. Драмските аматери – средношколци ја пријавија претставата „Се што сакав да кажам, но никогаш не можев“. Автор на текстот е литературниот сектор при гимназијата, а режисер е Стефанија Стефановска.
„Пеликан“ е втората претстава која ќе се обиде да обезбеди учество во официјалната програма за изданието кое годинава ќе се одржи од 28 мај до 2 јуни во Кочани. Подносител на пријавата е Драмското студио на ЦК „Бели мугри“ од градот домаќин на ДАФ. Станува збор за текст на Август Стриндберг, а режијата е на Перо Даниловски

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version