DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Уличен театар на отворањето на ДАФ

DSC001651

Драмскиот аматерски фестивал, 55 – то издание, започна синоќа на поинаков начин во

однос на претходните години. На отворена сцена, пред бистите на Љупчо и Раде, освен официјално-протоколарниот дел, кој се заврши во големата сала на ЦК „Бели мугри“. Имаше ди-џеи, џез концерт, многу дружење, и театар, се разбира.

DSC001451
„Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ беше прва одиграна претстава на изданието од оваа година. Убаво склопена и интересна игра на возрасни актери – аматери од Културното и спортско друштво „Шатор Шторје“ од Сежана, Словенија. Уличен театар, најдемократска форма на драмскиот израз.

DSC001491

Момче со звуците на својата хармоника ја повикуваше публиката. Интересно беше. Јазичната бариера можеби беше мал проблем, но играта и спонтаност на Словенците привлекуваше.

DSC001691

DSC001511

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version