DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

„Покондирана тиква“ на 21 век според средношколците од „Корчагин“.

DSC002851

Вечерната програма од вториот фестивалски ден ја отворија средношколците од „Корчагин“ од Скопје.

Играа комедија, го играа Стерија Поповиќ на нивен начин, со многу енергија и желба да се допаднат.
„Првенствено бев фасцинирана од делото на Стерија Поповиќ, ’Покондирана тиква’, како јас така и сите останати што го правевме ова... и решивме да ја облечеме ’Покондирана тиква’ во ново руво, како ’Покондирана тиква’ во 21 – ви век, бидејќи нејзиниот лик е сеприсутен во сите општества, така да дефинитивно ликот е критика кон општеството.

DSC002541

А, ние сме пресреќни што сме носители на таа критика кон општеството и што можеме да упатиме порака кон целата јавност за она што е правилно, морално и добро и она што не е“, ни рече Уна Николовска, режисерка на претставата на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, која ја направила и адаптацијата на делото на Стерија Поповиќ.

DSC002601
„Многу сум задоволна од изведбата. Хуморот е сеприфатен. И во претходните изведби бил“, смета Николовска. „Ова не е мое прво режисерско искуство, но, најмило ми е, затоа што прв пат сите заедно влеговме во оваа претстава со толку страст, затоа што е постоечко дело, сериозно дело и за кое моравме максимално да се погрижиме да го запазиме оригиналот и да направиме адаптација“.

DSC002701
Претставата имаше пристојна посетенос и убави реакции од оние што ја проследија.

DSC002941

DSC002871

DSC002821

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version