DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Нацевски, режисер на „600 613 – каде ми се другарите“: „Чест ни е што настапивме на ваков еминентен и престижен фестивал!“

DSC003631

„Сакавме да кажеме дека печалбарството во Македонија трае од дамнешни времиња

до денешни дни само што сликата денеска е поинаква, дека денеска печалбарите се поретко се враќаат, односно дека миграцијата во странство станува се повеќе погубителна. Според податоците што ние ги добивме во истражувањето за претставата, свативме дека некаде околу 660 000 луѓе се иселени од Македонија, а тоа е навистина поразителна бројка, која изнесува третина од вкупниот број на населението кај нас“, ни изјави Саша Нацевски, режисер на претставата „600 613 – каде ми се другарите“ на Театарот „Чин 4, сцена 5“ од Прилеп.

DSC003551

Станува збор за текст од документарни материјали, писма и сведоштва на иселеници и текст според „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, „Чест“ на Васил Иљоски и „Печалбари“ на Антон Панов. Претставата се играше во вечрниот термин од 20 часот на третиот фестивалски ден.

DSC003571
„Генерално сум задоволен од тоа како моите актери ја донесоа приказната пред публиката, со оглед на тоа што претставата не ја игравме шест месеци. Малку темпо – ритамот беше, така, прилично бавен. Инаку, кога би ја збиле во тие час и дваесет минути, мислам дека би добила на динамика.

DSC003701

Се познава паузата од шест месеци, сепак, чест ни е што настапивме на ваков еминентен и престижен фестивал. Јас пораснав со овој фестивал, како аматер и младинец сум учествувал на ДАФ. Со некои од луѓето овде што го создаваат фестивалот, имам остварено трајни конекции и врски и долгогодишни пријателства.

DSC003771

Публиката добро реагираше на играта на актерите, бидејќи ова е тема која сите нас не засега. Битовото е навлезено во македонскиот генетски код и... како да кажам, кога работиш македонска битова драма, ако навистина ја погодиш темата со која се занимава битовата драма, мислам дека ниту една публика нема да остане рамнодушна“, прецизираше Нацевски.

DSC003861

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version