DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Чичевска: „Кочани од секогаш имал добра публика, благонаклона кон театарот и актерите!“

DSC003941

„Задоволна сум од моите актери, прекрасно ја одиграа претставата, тоа што сме

го договарале, дури и многу повеќе, извлекоа од ликовите. Мислам дека публиката тоа можеше да го почуствува, дека дишеше заедно со нив, имаше многу аплаузи на отворена сцена, како што знаеме ние актерите да кажеме. Мислам дека децата уживаа додека играа, а уживаше и публиката додека ги следеше и гледаше“, изјави Слободанка Чичевска, режисер на претставата „Адвокатот Патлен“ на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес, кое го „затвори“ третиод ден од 55. ДАФ на Македонија што се одвива во Кочани.

DSC003961
„Адвокатот Патлен“ е фарса што е од непознат автор и актерите додека играле го допишувале самиот текст, зависно од тоа каде играле и какви биле социјалните услови и на тој начин оваа приказна е пишувана.

DSC004071

Запис за вкупното дело не постои. Постојат кратки, околу десет страници текст и зависно од тоа која актерска трупа или театар го работи, на тој начин се гледа овој текст и така се пишува. Чичевска и нејзините актери сами го допишалеј текстот за нивната претстава.

DSC004171
„Досега на ДАФ откако дојдовме, видов само дел од една претстава – прилепската, заради неможноста да бидеме присутни овде цело време. Тоа секогаш е поврзано со финансиите и нашите други професионални обврски. Се надевам дека имало доста успешни претстави во интерес на самиот фестивал и фестивалската публика.

DSC004231

Морам да кажам дека Кочани од секогаш имал добра фестивалска публика. Јас тоа можам да го кажам, бидејќи овде сум постојано присутна, како актер пред се и со велешкиот театар и како дел од трупата „Скрб и утеха“ од Скопје, така да знам како и колку може да биде благонаклона кон актерите кочанската публика и колку знае да го почитува и препознава најдоброто во театарот“, подвлече Чичевска.

DSC004301

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version