DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

„Адвокатот Патлен“ е парадигматична претстава и го одбележува фестивалот

t1

„Вчера беа прикажани три претстава на програмата. Првата беше од доменот

на театарот за деца. Моделот на таа претстава беше – деца за деца. Втората карактеристика за претставата „Снежана и џуџињата“ на ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола беше уште еден жанр на театар – куклен театар, што е посебна тема, посебна окупација и да речеме, занает, во самиот театар. Жанр што е ретко упразнуван кај нас во однос на нашето опкружување, да речеме во Бугарија. Ние заостануваме. Детската претстава се карактеризираше со масовност, што е добро. И толку би кажал за тоа“, рече денеска, Тодор Кузманов, на разговорите во врска со претставите што се одиграа на третиот фестивалски ден од 55. ДАФ.

t2
„Прилепската тетарска група, кој ја одигра втората претстава...чуден театар, со чудно име и чуден назив на претставата...„Чин 4, сцена 5“. Називот делува алтернативно и прифатливо е, провакативно. Сте обединиле неколку парадигматични текстови за македонската класична битова драматрургија, сте ги спрегнале, сте направите една претстава од сите. Ова е оригинално решение, не се сеќавам некој друг да се досетил да прави обединување на таквата драматургија. До тука сте добри, ви ја кажувам основната замерка, претставата ви оди линеарно, без амплитуди и енергија која се пренесува кон другата страна, кон публиката. Овде сте можеле повеќе да сторите. Премногу драмите“, им порача водителот на разговорите, Кузманов, на актерите од претставата 600 613 – каде ми се другарите“.

t3
За претставата на Младинското студио „Прличко“ беше кажано дека младите велешани направиле претстава од ништо. Се работи, како што рекоа учесниците во разговорите, за талентирани деца, убава замисла и за многу убаво користење на музиката. Во секој случај инвентивно, забавно, релаксирачки. Ова претстава, според Кузманов, го одбележува ова издание на ДАФ.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version