DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

„Меѓу нас е тивко“ го доби Гран прито

DSC005991

Заврши 55 – ДАФ на Македонија. Доделувањето на наградите се одржа синоќа во Центарот за култура

„Бели мугри“, откако претходно беше одиграна претставата „Чао пријатно“ на театарот „Чао пријатно“ од Скопје во режија на Синиша Ефтимов. Наградите ги додели Горан Стојановски, драмски уметник, член на оценувачката комисија, во која покрај него беа и Наталија Теодосиева и Билјана Крајчевска, исто така, драмски уметници. Ви ја пренесуваме одлуката на комисијата во целост.

DSC006051
О Д Л У К А
1. НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА се доделува на на аматерскиот драмски проект „ОД ТРЊЕ ДО ЅВЕЗДИ“, режисер и автор на текст Владимир ЈОВАНОВСКИ, а во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово;

2. НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Марија ЃОРЃИЕВА за стабилното и конкретно субјективизирање на ликот на СЛУГИНКАТА во претставата „ПЕЛИКАН“ од Аугуст СТРИНДБЕРГ, во режија на Перо ДАНИЛОВСКИ, а во изведба на Драмско студио при Национална установа Центар за култура „Бели мугри“-Кочани;

DSC005871

3. НАЈДОБРА ЕПИЗОДНА МАШКА УЛОГА се доделува на Стефан НИКОЛОВСКИ за покажаниот огромен творечки потенцијал и свежината што ја внесе во секоја појава на сцената, во улогата на ТИБО, во претставата „АДВОКАТОТ ПАТЛЕН“ авторот непознат, во режија на Слободанка ЧИЧЕВСКА, а во изведба на Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес;

DSC005911

4. НАЈДОБРА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Тина ТАНЧЕВА за филигранското пласирање на успешно изградениот лик на ВЕЛИКА во претставата „ВЕЛИКА“ од Петре М. АНДРЕЕВСКИ, во режија и адаптација на Кире ЃОРЃИЕВ, а во изведба на ЈОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци;

DSC005881

5. НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Кристијан ЈОРДАНОВ за врвното актерско мајсторство, во улогата на ПАТЛЕН во претставата „АДВОКАТОТ ПАТЛЕН“ авторот непознат, во режија на Слободанка ЧИЧЕВСКА, а во изведба на Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес;

DSC005861

6. НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА се доделува на Владимир ЈОВАНОВСКИ за успешното фузирање на интимните желби и идеалите со проблемите на денешното општество, за претставата „ДОМ ЗА СТАРЦИ“ од Владимир ЈОВАНОВСКИ, во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово;

7. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКА ИНОВАЦИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ ВО АМАТЕРСКОТ ДРАМСКИ ИЗРАЗ се доделува на претставата „АНА ЈЕ ЧЕКАЛА“ од Србијанка СТАНКОВИЌ, во режија на Тијана ПЕТРОВИЌ, за искрената пожртвуваност и штедроста во создавањето на авторскиот проект, а во изведба на Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Република Србија;

DSC006081

8. НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ГРАН-ПРИ „ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ“ се доделува на претставата „МЕЃУ НАС Е ТИВКО“ од авторите: Ана ЖЕЖОВСКА, Валентин ДАМЧЕВСКИ и Симеона ПАВЛОВСКА, во режија на А. ЖЕЖОВСКА, В. ДАМЧЕВСКИ и С. ПАВЛОВСКА, за квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во една комплицирана естетика, а во изведба на Младинска сцена при Интимен театар од Битола;

9. СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ на Филип ЃОРЃИЕВСКИ за улогата на ОЛОЛО, на Синиша ПЕТРОВСКИ за улогата на ЛОЛО и Давид МИХАИЛОВСКИ за улогата на ТЕЛОЛО, за најавтентичен актерски израз и промоција на дијалекти, во претставата „ТОКМАЦИТЕ И БИЛБИЛОТ“ работена по Народна приказна, а во режија на Мартин МИЛЧЕВСКИ, во изведба на ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево;

DSC006021

10. БЛАГОДАРНИЦА НА Николчо ИВАНОВ ЗА НАЈРЕДОВЕН ПОСЕТИТЕЛ НА 53-ТО ИЗДАНИЕ НА ДАФ - КОЧАНИ 2018, а за наредното 56-то издание на Драмски Аматерски Фестивал-Кочани 2019 ќе добие бесплатни вип влезници за фестивалската седмица.

 

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version