DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

И волонтерите дел од добрата организација на фестивалот

volonteri1

55-тото издание на „ДАФ на Македонија – Кочани 2018“ ќе биде запаметено

по неколку новитети, по добра посетеност и мошне добра организираност.
Одамна фестивалот не привлекол толку големо внимание кај љубителите на театарот што е добар знак дека кочанчани полека но сигурно им се враќаат на културните настани.
Годинешното издание ќе биде запаметено и по неколкуте придружни манифестации како и по гостувањето на една голема културна личност од просторите на некогашна Југославија, Марко Брецељ.

volnteri2
Кога се ќе се собере, изминатите шест дена во Кочани поминаа во една мошне добра и осмислена организација, во која секако имаа голем удел и волонтерите кои организаторот на фестивалот ги беше повикал за оваа пригода.
Четиринаесетте волонтери кои работата си ја завршија без ниту една замерка дојдоа од гимназијата „Љупчо Сантов“ од Кочани. Освен едно повозрасно девојче сите останати се ученици од втора година.
Тие беа „друштвото“ кое му даваше ритам на фестивалот: постојано делеа флаери, а секоја што беше задолжена за по една група околу сместувањето, времето за ручек и термините за проба заслужува да добие една средношколска петка.

volonteri3
Добро е што сите што беа вклучени во организацијата го сфатија фестивалот како своја лична работа која треба да се заврши на најдобар можен начин, и навистина ја завршија.
Текстот во целост е преземен од komarec.com.mk

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version