DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

56 ДАФ на Македонија ќе се одржи од 27 мај до 1 јуни 2019

Правила за учество - И З В А Д О Ц И:


 Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија-Кочани имаат аматерски театри, работлиници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат на полето на драмскиот аматеризам и тоа: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;
 На ДАФ-Кочани настапуваат поединци и групи кои аматерски работат на рецитаторството - убавото кажување на поезија, најдобрите рецитатори од училишните секции, студија, литературни клубови, драмски групи и другарства, здруженија на граѓани...;
 На ДАФ-Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и самостојно го определуваат учесниците во натпреварот за завршните фестивалски денови;
 При подготвувањето на драмскиот проект може и пожелно е да се консултураат и ангажираат учени и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи, дипл. професори, граѓани...;
 Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјата и странство;
 Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не може да изнесува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл, а за меѓународните аматерски ансамбли тој број изнесува 10 лица. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да го направи само Фестивалската управа;
 Драмските ансамбли, секој според можностите, пожелно е да отпечатат основен рекламен материјал (плакат, проспект, програма, видео или ЦД запис и сл.) кој е во нивен интерес и за нивна афирмација;
 Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2019 се доставуваат до канцеларијата на Фестивалот најдоцна до 10. АПРИЛ 2019 година, на адреса: Драмски Аматерски Фестивал-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани, Република Македонија, или на e-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на факсот: 00 389 033/ 272-964. Повеќе информации можете да добиете од извршната канцеларија на ДАФ на Македонија, на телефоните: 033/272-964 и моболен: 070/621-726;
 Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од фестивалската управа. ЦД записите од претставите се доставуваат најдоцна до 27.АПРИЛ 2019 година кога и завршува изборот на претставите. Од понудената и проследна драмска продукција во тековната година, изборникот го сочинува и предлага репертоарот и програмата на ДАФ-Кочани 2019 до Управниот одбор. Фестивалот на драмскиот аматеризам на Македонија е закажан за 27. МАЈ - 01. ЈУНИ 2019 година во Кочани.
 За извршениот избор на претстави секој драмски ансамбл поединечно се известува за изборот, денот и времето на настап, најмалку две седмици пред почетокот на фестивалот;
 Правото на програмската шема/репертоарот и редоследот на настапи на ансамблите на фестивалот го задржува ДАФ-Кочани. Само од објективни причини и дејствија кои се во полза на повисоки вредности на драмскиот аматеризам можни се измени. Конечниот збор го има изборникот и фестивалската управа;
 Организаторот е должен на драмските ансамбли учесници на ДАФ на Македонија да им овозможи една проба на сцената на која го изведуваат драмскиот проект;
 Настапот на драмските аматери го оценува тричлено жири именувано од управниот одбор. Комисијата ги оценува драмските, уметничките и етичките вредности на актерите и аматерските драмски проекти во целина;
 На ДАФ-Кочани се доделуваат вкупно седум награди: најдобра женска и машка епизодна улога, најдобра женска и машка главна улога, најдобра режија, награда за истражување на нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар и ГРАН ПРИ „Васил Ќортошев“ и специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци.
 По одржана претстава се организираат разговори во присуство на актерите од ансамблот, селекторот, жирито, новинари, гости и заинтересирани граѓани. Разговорите ги организира и води водител на разговорите именуван од фестивалската управа;
 Престојот на учесниците на Фестивалот го обезбедува Фестивалската управа, Градоначалникот на Кочани и градот домаќин. Домашните ансамбли престојуваат еден ден, а старнските два дена сметано од денот на пристигањето. Патните и дневните трошоци на ансамблите и актерите ги обезбедуваат и ги сносат учесниците на фестивалот;
 Во склоп на севкупната фестивалска програма се организираат придружни манифестации од: ликовната, музичката, книжевната, филмската уметност, театарски и книжевен портрет и театарска работилница за аматери режисери и актери, драмски текстописци и друго;
 На покана на фестивалската управа, со претходен договор со изборникот, во чест на наградените, на завршницата се поканува угледна театарска куќа од нашата држава или странство.
06. февруари 2019 год. Драмски Аматерски Фестивал
К о ч а н и на Република Македонија-Кочани
Претседател, Дарко СПАСОВ
________________________________
Драмски Аматерски Фестивална Македонија-Koчани
ул. „Кеј на револуцијата“ бр. 9, 2300 Кочани
тел./факс: 033 / 272-964; моб.: 070 / 621-726
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.dafkocani.com

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version