DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Покана за ДАФ 2013 за претстави од странство

Фестивалската управа на Драмски Аматерски Фестивал на Македонија-Кочани упатува ПОКАНА за учество во изборот/селектирањето на аматерски драмски проекти за 49-то издание на ДАФ на Македонија-Кочани закажан за 27.мај – 01.јуни 2013 година во Кочани, Република Македонија.

Почитувани доколку се определите за учество во изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2013, потребно е да ја пополните пријавата, која е составен дел од поканата, и да ја доставите на адреста на фестивалот: Драмски Аматерски Фестивал-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани.  Пријавувањето на Вашата аматерска претстава можете да го сторите најдоцна до 25. МАРТ 2013 година.

Кога ќе имате готов, финален драмски проект потребно е да изработите ЦД запис од претставата и да го доставите на нашата адреса. ЦД записот од претставата доставете го најдоцна до 15. АПРИЛ 2013 година. За одлуката на селекторот ќе Ве известиме најдоцна до 07. мај 2013 година. Доколку, веќе сте имале премиерна изведба на претставата, можете снименото ЦД да го доставите зедно со пријавата.

За повеќе информации обратете се до извршниот директор на ДАФ-Кочани г. Благој ПЕНОВ, на телефоните: тел./факс 033/272–964; 070 / 62 17 26, исто така моше да не контактирате и на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или посетете ја нашата интернет страница: www.dafkocani.com.

 Со надеж дека поканата ќе ја прифатите и ќе пријавите Ваш драмски проект, искрено благодарме за соработката и Вашето внимание кон Драмскиот аматеризам на Македонија.     

 

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version