DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

На 1 јуни - ДАФ им доделува признанија на заслужните од Кочани за развојот на театарскиот живот во Македонија

dafplakat

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе додели признанија на кочанчани за долгогодишно активно учество

во одржувањето и развојот на театарскиот живот во Македонија. Признанија ќе им бидат врачени на: Тони Ѓорѓиев, тонец во ЦК „Бели мугри“, Благој Јосифов – Бацо, актер аматер, Ѓорѓи Тодоров, поранешен директор на ЦК „Бели мугри“, Венцо Димитров, сценограф на повеќе претстави на ЦК „Бели мугри“, Марин Стојанов – Маки, актер аматер, Вита Ковачева, пензиониран актер во ЦК „Бели мугри“, Доне Донев професор по македонски јазик и актер аматер, Силвана Јаневска, актер во ЦК „Бели мугри“, Киро Герасимов, актер аматер и поранеше директор на ЦК „Бели мугри“, Димче Спасов, пензиониран актер во ЦК „Бели мугри“, Благој Пенов, актуелен извршен директор на ДАФ, Трајче Георгиев, актер во МНТ, кој е произлезен од Театарската работилница на ЦК „Бели мугри“, Драги Трајчев, актер аматер и автор на неколку радио – драми, Миодраг Ѓурковиќ - постхумно, вработен во ЦК „Бели мугри“, Ванчо Ампов - постхумно, актер аматер, Тошо Лазаров - постхумно, актер аматер, Ѓорѓи Мишов - постхумно, вработен во ЦК „Бели мугри“.
Свеченоста на која ќе се доделат признанијата ќе се одржи на 1 јуни во 15, 30 часот во Салонот фоаје на ЦК „Бели мугри“, непосредно пред Музичко книжевен настан со поезијата на РУМИ, која е дел од содржините на 56 – то издание на ДАФ на Македонија.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version