DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Правила за ДАФ 2013 за претстави од странство

П  Р  А  В  И  Л  А  |  И З В А Д О Ц И:

§  Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија-Кочани имаат аматерски театри, работлиници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат на полето на драмскиот аматеризам и тоа: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели;

§  На ДАФ-Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и самостојно го определуваат учесниците во натпреварот за завршните фестивалски денови;

§  При подготвувањето на драмскиот проект може и пожелно е да се консултураат и ангажираат учени и стручни особи, режисери, артисти, драматурзи, дипл. професори, граѓани.

§  Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти вработени  во театарските куќи во земјата и странство;

§  Вкупниот број на членови во театарскиот проект што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не може да изнесува повеќе од 16 особи за домашен драмски ансамбл, а за меѓународен аматерски драмски ансамбл таа бројка изнесува 10 особи. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да го направи само Фестивалската управа;

§  Драмските ансамбли, секој според можностите, пожелно е да отпечатат основен рекламен материјал (плакат, проспект, програма, видео или ЦД запис и сл.) кој е во нивен интерес и за нивна афирмација;

§  Пријавата за учество на изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2013 се доставуваат до канцеларијата на Фестивалот најдоцна до 25. МАРТ 2013 година, а ЦД записот од претставата до 15.АПРИЛ 2013 година на адреса: Драмски Аматерски Фестивал-Кочани, ул. „Кеј на револуцијата“ бб, 2300 Кочани, Република Македонија, или на e-mail адресата:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на факсот: 00 389 033 272 964. За повеќе информации обратете се до извршниот директор г. Благој Пенов, тел: 033 272 964 и моболен: 070 621 726;

§  Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од фестивалската управа. Пријавувањето на претставите започнува од месец ЈАНУАРИ, а изборот на претставите завршува на 30. АПРИЛ 2013 година. Од понудената и проследна драмска продукција во тековната година, изборникот го сочинува и предлага репертоарот и програмата на ДАФ-Кочани до Фестивалската управа. Фестивалот на драмскиот аматеризам на Македонија е закажан од 27. МАЈ до 01. ЈУНИ 2013 година во Кочани.

§  За извршениот избор на претстави секој драмски ансамбл поединечно се известува за изборот, денот и времето на настап, најмалку две седмици пред почетокот на фестивалот;

§  Правото на програмската шема/репертоарот и редоследот на настапи на ансамблите на фестивалот го задржува ДАФ-Кочани. Само од објективни причини и дејствија кои се во полза на повисоки вредности на драмскиот аматеризам можни се измени во репертоарот. Конечниот збор го има фестивалската управа;

§  Организаторот е должен на драмските ансамбли да им овозможи една проба на сцената на која го изведуваат драмскиот проект;

§  Настапот на драмските аматери го оценува тричлено жири именувано од фестивалската управа. Комисијата ги оценува драмските, уметничките и етичките вредности на аматерските драмски претсави;

§  На ДАФ-Кочани се доделуваат вкупно 7 награди: најдобра женска и машка епизодна улога, најдобра женска и машка главна улога, најдобра режија, награда за истражување по нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар и ГРАН ПРИ „Васил Ќортошев“. При доделувањето на наградите професионален режисер се иззема од конкуренцијата;

§  По одржана претстава се организираат разговори во присуство на актерите од ансамблот, селекторот, жирито, новинари, гости и заинтересирани граѓани. Разговорите ги организира и води водител на разговорите именуван од фестивалската управа;

§  Претстојот на учесниците на ДАФ-Кочани 2013 го обезбедува Фестивалската управа, Градоначалникот на Кочани и градот домаќин. Домашните ансамбли престојуваат еден ден, А СТРАНСКИТЕ АНСАМБЛИ ДВА ДЕНА, СМЕТАНО ОД ДЕНОТ НА ПРИСТИГАЊЕТО. ПАТНИТЕ И ДНЕВНИТЕ ТРОШОЦИ НА АНСАМБЛИТЕ И АКТЕРИТЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВААТ И СНОСАТ УЧЕСНИЦИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ;

 

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version