DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Алаѓозовски го отвори ДАФ – „Театар во Кочани мора да има !“

IMG 20190527 202014A

„Ние, уште со самото доаѓање на власт препознавме дека овде во Кочани

има силно јадро кое што сака да ја развива културата во градот и да го подобри местото кое што градот го има на културната мапа во Македонија и регионот и дадовме почетна подршка. Ова е само еден благ и убав притисок од ваша страна таа наша заложба уште повеќе да ја развиеме“, рече синоќа на отворањето на ДАФ на Македонија во Кочани, Роберт Алаѓозовски, претставник на Македонската влада и национален координатор за култура.
„Ако професионалците од Кочани сакаат театар, ако граѓаните сакаат театар, просто, театар мора да има и ние тоа мора да го оствариме. Особено се согласувам дека постоењето на силно професионално јадро во градот, во овој Центар за култура, ќе му даде поттик и на самиот фестивал, кој што жилаво преживеа толку многу години. Во таа смисла нашата подршка и преку Министерството за култура за самиот фестивал на драмскиот аматеризам ќе продолжи, затоа што аматеризмот е основата на развојот на врвните актери и професионалци, а секако и остварување на таа единствена манифестација од овој тип во земјата. Очекувам дека ќе има многу убави фестивалски денови, веќе видовме дека фестивалската програма е разновидна и збогатена и просто присуството на толку многу значајни луѓе од регионот вечерва го поздравувам. Ние во Македонија можеме да одиме напред само ако ја зголемуваме соработката меѓу нас – регионална, на национално ниво, на меѓународно ниво, меѓудржавно ниво, погранично и тоа се партнерства кои можат да не водат напред, така што да ги негуваме нашите соработки, и да му посакаме на ДАФ уште многу успешни години“, порача Алаѓозовски од говорницата на сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани.

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version