DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Ирена Бачиќ, режисер на претставата „Странци“: „Ми се допаѓа ДАФ, се подобро е!“

IMG 20190528 2018281

Вечерната програма од вториот ден на ДАФ ја отворија гимназијалците од

„Св. Климент Охридски“ од Охрид. Тие ја одиграа комедијата „Странци“ од Паоло Џеновезе. Режисерката Ирена Бачиќ изрази задоволство од момчињата и девојчињата што се појавија на сцената, земајќи го во предвид фактот што тие се ученици и што имаат и други обврски. Салата во ЦК „Бели мугри“ беше речиси полна.

IMG 20190528 2010141
„Со оглед на тоа што актерите се четиринаесет, петнаесет и шеснаесетгодишни , јас сум задоволна од нивната вечерашна игра. Задоволна сум од посетеноста, од реакцијата на публиката, која се однесуваше коректно. Беше тивка за да може да се проследи секој дијалог. Затоа што во Кочани сцената е подлабока, во позадина. Навистина беше добро.

IMG 20190528 2012551
Ова е наше трето учество на фестивалот. Ми се допаѓа ДАФ. Се подобро е..Што се однесува до наградите, да бидеме искрени, секој што доаѓа овде, се надева барем на некоја од наградите. За моите актери, така како што играа, така како што си заслужија, тоаков ќе биде исходот“.

IMG 20190528 2015271

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version