DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Театар „Дунек“ – „Бенг, бенг...“, претстава за тоа како не треба да биде меѓу средношколците

beng1

Претставата „Бенг, бенг и мртов си на Театарот „Дунек“ на ЦК „АСНОМ“ од Гостивар се играше

на сцената во кочанскиот ЦК „Бели мугри“ на 29 мај во попладневните часови. Изведбата на екипата од Гостивар заслужуваше поголема посетеност.
Инаку, станува збор за претстава која го отсликува светот на тинејџерите (младите) денеска.

beng5
- ’Бенг, бенг и мртов си’ е една претстава која се игра во театрите во Амаерика. Вистинска амаериканска приказна. Решивме да ја поставиме, затоа што и кај нас и речиси насекаде во светот го има насилството во средните школи. Презадоволен сум од актерите, како ја одиграа претставата денеска, се надевам дека и тие се задоволни.

beng4
Темата во оваа драма навистина е актуелна, се случува насекаде во светот, атрактивна е. Средношколците треба да дојдат, да ја погледнат претставата и да видат како не треба, кои се чувствата кои ги повредуваат...
Драмскиот аматерски фестивал е прекрасен, Кочани има одлична публика, се овде е супер, изјави за dafkocani.com, режисерот Александар Нешковски.

beng3
Актерската група од Театарот „Дунек“ е составена од средношколци. Единстевен режисерот Нешковски е малку повозрасен.
„Бенг, бенг и мртов си“ е работена според текст на Вилијам Мастросимон.

beng2

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version