DAFKOCANI.com

Switch to desktop Login

Владимир Јовановски („Живкова слава“) – „ДАФ е бастион на уметноста...“

IMG 20190530 2044571

„Живкова слава“, според она што можеше да се види на сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани на

30 мај во вечерната програма, претставува тетовска верзија на „Ивкова слава“ од Стеван Сремац. Некаде помеѓу двете светски војни, на Ѓурѓовден, ќе се судрат табиетите, адетите и суетите на ликовите, кои, секој за себе одсликува еден свет. Оваа претстава е намената за сите оние што сакаат, добар хумор и забава.

IMG 20190530 2111141
Режијата на „Живкова слава“ ја направи Владимир Јовановски. Негова е и адаптацијата на текстот, а тој ја игра и улогата на Рамиз.
„Јас денеска веќе кажав дека ДАФ е еден остров, бастион на уметноста која жилаво се брани и се обидува да опстои во овој свет на се помалку вредности. Буквално оваа претстава, оваа награда од публиката викана аплауз ги надминува сите наши очекувања , сите наши други желби за било какви награди. Ние игравме за публиката, публиката ни возврати со љубов, со аплауз.

IMG 20190530 2040111

Претставата беше одлично примена. Јас како режисер и како дел од тимот сум презадоволен како изигравме“, ни рече Јовановски после настапот на 56 – то издание на ДАФ на Летечката театарска група од Тетово.

IMG 20190530 2026461
Нема што многу да се зборува за оваа претстава. Салата во „Бели мугри“ беше полна, реакцијата на публиката на инспиративната игра на тетовци – одлична.

IMG 20190530 2025221

2012 @ Драмски Аматерски Фестивал - Кочани. Сите права се задржани.

Top Desktop version